Андерлехт и во шестиот меѓусебен дуел против Фенербахче не успеа да победи и одигра 2-2 на домашен терен. Избраниците на Жозе Мурињо имаа убедливи 3-0 од првиот меч во Истанбул, па вечерва во Брисел одработија рутински и продолжуваат во осминафиналето од Лигата на Европа.
Фенер поведе преку Ен-Несири уште во четвртата минута, па следуваше хаос на трибините и прекин, а откако мечот продолжи, Андерлехт успеа да направи пресврт и да поведе со 2-1. Сепак, надежите на домашните ги згасна Јусуф Акичек во 63-тата минута, кога ги постави конечните 2-2.