26.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Проклетството на Авелино, „клубот-убиец“ на Папи

Од 1958 година наваму на фудбалскиот клуб Авелино му се повторува нешто што е тешко да се објасни.

Смрт или оставка на Папата секогаш се совпаѓа со унапредувањето на Авелино во ранг погоре во италијанскиот фудбал. Оваа сезона тимот од градот кој е во близина на Неапол, ја потврди промоцијата во Серија Б само два дена пред смртта на папата Франциск. Но, ова не е првпат да се случи ова проклетство.

Сè започна во октомври 1958 година, кога Пие XII умре, Авелино се избори за место во Серија Ц. Во 1963 година, Јован XXIII починал и Авелино бил промовиран во Серија Ц како шампион на четвртата дивизија. Во 1978 година не еден, туку двајца папи починаа, а Авелино го доживеа најважниот момент во својата историја. Во јуни таа година, тимот под водство на Паоло Кароси влезе во елитната Серија А.

Во 2005 година случајноста се повтори. Авелино влезе во Серија Б два месеца по смртта на Јован Павле Втори. Во 2013 година ниту еден папа не почина, но Бенедикт Шеснаесетти поднесе оставка, а Авелино оствари уште една промоција, исто така во Серија Б.

Папата Франциск имаше средба со претставници на Авелино, се потпиша на дресот, но и тоа не помогна.

- Оглас -

Најнови вести