Ако Пари Сен Жермен ја освои Лигата на шампионите оваа сезона, Златан Ибрахимовиќ веќе нема да биде единствениот малер кој се разминал со трофејот во ЛШ и направил „погрешен трансфер“, туку ќе му се приклучи Килијан Мбапе.
Главната цел на Мбапе е да ја освои титулата во ЛШ и затоа си замина од ПСЖ, за којшто веруваше дека нема шанса да стане европски првак. Но, Мбапе со Реал испадна во четвртфиналето, а неговиот поранешен клуб е блиску до пласман во финалето.
Оваа ситуација потсетува на онаа од пред 15-16 години со Ибрахимовиќ. Швеѓанецот во 2008/2009 беше член на Интер, а Барса ја освои ЛШ. Златан во летото 2009 им се придружи на Каталонците, кои беа актуелни прваци и фаворити за нов трофеј, но за негова несреќа, не само што Барса не стана европски првак во 2009/2010, туку титулата му припадна на неговот ексклуб Интер, и тоа на патот до трофејот во таа сезона ја елиминира Барса, во чии редови беше Златан.