Луис Суарес имаше една зрела шанса да го погоди голот на Борусија Дортмунд, но Роман Бурки му го одбрани ударот во 48-мата минута, па шпицот на Барселона си го продолжи проклетството што трае четири сезони.
Уругваецот е без гол во последните четири изданија на Лигата на шампионите, надвор од „Камп ноу“, односно кога Барселона гостува.
За последен пат на погодок на патувањето Суарес се радуваше на „Олимпико“ против Рома во 2015 година, кога постигна гол во 20-тата минута.
Оттогаш трае постот на напаѓачот на Барселона, што е предолг-период за шпиц од калибарот на Луис Суарес.
Следен предизвик ќе му биде да ја затресе мрежата на Славија во Прага на 23-ти октомври, кога Барселона ќе го има второто гостување во групата Ф од Лигата на шампионите.