Проклетството продолжи – Евертон пак не даде гол на „Стемфорд Бриџ“ (Видео)

Челзи лесно го победи Евертон со 2:0 во второто дерби од 27. коло во Премиерлигата и се зацврсти на четвртото место, последно што од Премиерлигата води во Лигата на шампионите.

Домаќините беа подобри и рутински славеа со автоголот на Бен Годфри во 31. минута и со прецизниот удар од пенал на Жоржињо во 65. минута.

Евертон речиси и да не пружи сериозен отпор во дуелот на две екипи што бијат битка за позиции што водат во ЛШ и ја продолжија лошата традиција на гостувањата кај Челзи.

Карамелите го постигнаат 53. автогол и се екипата рекордер во оваа категории од основањето на Премиерлигата.

На Челзи на „Стемфорд Бриџ“ му немаат дадено гол на последните пет гостувања во Премиерлигата, односно над 450 минуи, или од 2016 година.

 

- Оглас -

Најнови вести