Проклетството продолжува – Ливерпул и со 30 победи и 97 бодови не е шампион

Едноставно никако не може да се случи Ливерпул да биде шампион на Англија. Сезонава, гигантот од „Енфилд Роуд“ одигра блескаво, но повторно остана со празни раце. Дури 97 бодови освоија играчите на тренерот Јирген Клоп, но и тоа не беше доволно да прекине тридецениската агонија. Манчестер сити освои 98 бодови и го одбрани тронот во Премиер лигата.

Ливерпул со 97 освоени бодови ќе беше шампион, во 36 од последните 37 сезони, но не и во оваа. Тоа е првиот клуб кој успеал да победи на 30 средби во една сезона, а на крајот да не биде првак. Едноставно, многумина навивачи на Ливерпул веруваат како да постои некое проклетство што нивниот клуб не може да стане првак во Англија.

Последните три пати кога еден тим бил прв на Божиќ, а не станал шампион е во сопственост на Ливерпул и тоа во сезоните 2008/09, 2013/14 и 2018/19.

По денешната победа над Вулверхемптон од 2:0, навивачите на „Енфилд Роуд“ ги испратија фудбалерите со нивната химна „you’ll never walk alone“. За Ливерпул сега следи финалето во Лигата на шампиони, каде противник им е Тотенхем.

 

- Оглас -

Најнови вести