Пролетна премиера за мерак, шампионот Шкендија го чека најтрофејниот Вардар

Актуелниот шампион и лидер на табелата Шкендија денеска од 14 часот го чека Вардар во Тетово во дербито од првото пролетно коло, или вкупно 19-то во домашното првенство.

Мечот е многу значаен за двете екипи кои бијат битка за титулата, а по првиот дел од шампионатот Шкендија има пет бодови предност пред второпласираниот Вардар.

И двете екипи имаа интересни потези во зимскиот преоден рок и вратија двајца одлични играчи во своите редови. Агим Ибраими направи кам-бек во Шкендија по цели 13 години, а кај Вардар се врати Хуан Фелипе, по неполна година мината во казахстански Каират.

Традицијата е на страната на Вардар, кој е поуспешен во вкупниот биланс, но нема победа против Шкендија на последните шест натпревари во сите натпреварувања.

И останатите дуели од 19. коло се интересни, се играат исто така денеска од 14 часот, а еве ги двојките:

Шкендија – Вардар, Академија Пандев – Македонија Ѓ.П., Победа – Беласица, Работнички – Ренова, Силекс – Шкупи.

Табела: Шкендија 40, Вардар 35, Академија Пандев 30, Работнички 26, Шкупи 23, Македонија Ѓ.П. и  Ренова по 21, Силекс 18, Победа и Беласица по 17.

 

- Оглас -

Најнови вести