26.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Промаши пенал, но Роналдо направи потег кој цел живот ќе го памти играчот на Милан (Видео)

Јувентус и Милан го одиграа првиот меч во Италија по пауза од три месеци и на крајот немаше голови. Иако мрежите мируваа, дуелот беше возбудлив до крајот, а Старата дама се радуваше на пласман во финалето од Купот.

Како по обичај Кристијано Роналдо кога е на теренот е во центарот на вниманието. Португалецот доби шанса да го даде првиот погодок во пост корона ерата во Италија, но утна пенал. Иако не беше прецизен од белата точка, промашувањето на Роналдо не го чинеше скапо гигантот од Торино.

Пред крајот на дуелот, Роналдо направи потег кој ќе се памти. По еден продор, Роналдо сакаше да нафрли, а пред него беше гостинскиот играч Диего Лаксал. Во обид да го блокира центаршутот на Роналдо, Уругваецот со лизгачки старт заврши надвор од теренот, а Роналдо елегантно нафрли.

По направените пресметки, Роналдо во последните четири години само четири пати промашува пенал, односно тоа му се случува еднаш годишно.

 

- Оглас -

Најнови вести