И Димитриевски знае да киксне, прими смешен гол што ќе боли по ремито на Рајо Валјекано со играч повеќе (Видео)

Столе Димитриевски брани импресивно, но денеска и тој покажа дека нема безгрешни во фудбалот и прими смешен гол на дуелот со Хетафе.

Во 77. минута македонскиот репрезентативец лошо исфрли една топка и го погоди Емес Унал, а топката директно се одби од играчот и влезе во мрежата на гостите.

https://twitter.com/i/status/1624781124512714753

Киксот на Димитриевски за негова несреќа го чинеше скапо Рајо Валјекано, тим кој со играч повеќе одигра нерешено 1:1 во малото мадридско дерби.

Столе потоа, а и претходно бранеше импресивно. Дури ни Борха Мајорал не успеа да го совлада од пенал, но и гостите промашија удар од белата точка за победа во самиот финиш на мечот, па остана 1:1.

Рајо поведе со автоголот на Арамбари во 38. минута, а со голот на Унал и по киксот на Димитриевски Хетафе израмни во 77. минута.

Во 54. минута беше исклучен Алења, но Рајо не успеа да ја искористи предноста во меч со два промашени пенали и освои само еден бод.

Сега се на шесттото место со 33 бода, а Хетафе е претпоследен со 19.

 

- Оглас -

Најнови вести