5.8 C
Skopje
недела, 1 февруари 2026

Промашување на неделата: Му ја украде топката на голманот, а потоа… (Видео)

На мечот од втората холандска лига меѓу Ден Хаг и Јонг Ајакс се случи едно од најголемите промашувања. Голманот на домаќините лесно прифати една топка, а потоа кога се подготвуваше да ја шутне, му беше „украдена“ од напаѓачот на гостите, Виктор Јенсен.

Данскиот фудбалер ја освои топката, имаше празен гол пред себе, но наместо да шутира во мрежата, успеа да го префрли голот. Овој играч на вториот тим на Ајакс има само еден настап во најдобрата екипа на холандскиот гигант, а по ова промашување, тешко дека повторно ќе биде повикан за првиот тим.

Ден Хаг победи со 2:0.

https://twitter.com/i/status/1424373583036436480

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести