Промашувањето на викендот поради кое Ливерпул остана без победа (Видео)

Ливерпул вчера киксира и не ги освои трите бода на гостувањето кај Лутон откако тимот на Јирген Клоп беше голем фаворит за победа. Ливерпул доминираше, имаше три четвртини посед на топката, но на крајот се спасуваше од пораз, и тоа со голот на Луис Дијас во 90+5 минута.

Англискиот гигант можеби немаше да има потреба да се спасува од пораз доколку фудбалерот кого го платија 100 милиони фунти погодеше од ситуација од која потешко беше да се промаши.

Се играше 70-тата минута кога Дарвин Нуњес само од два-три метра успеа да шутира преку голот, иако беше осамен пред празната мрежа на домашниот гол. Едноставно, Нуњес уште еднаш негативно ги изненади навивачите на Ливерпул со неговата умешност да не погоди нешто што е малку веројатно дека професионален фудбалер ќе го утне. Ова промашување на Нуњес беше при резултат 0:0.

- Оглас -

Најнови вести