Победата на Реал Мадрид на гостувањето кај Манчестер сити, придонесе да има промени во квотите за освојувач на Лигата на шампионите.
Сити беше прв фаворит за титулата пред стартот на сезоната, а сега е на работ на елиминација и според квотите во Sport Life, на осум тима им се даваат поголеми шанси за освојување на пехарот отколку на Граѓаните.
И понатаму најмала е квотата на Ливерпул, но сега актуелниот првак Реал Мадрид е втор фаворит, оставајќи ги зад себе Арсенал, Барселона и Баерн Минхен. ПСЖ, Интер и Атлетико се тимови на кои во моментов им се даваат поголеми шанси отколку на Сити.
Во Ливга Европа, главни кандидати за трофејот се Манчестер јунајтед, Тотенхем, Атлетик Билбао и Лацио, а од втор план се Ајнтрахт, Реал Сосиедад, Рома и Лион.
Во Конференциската лига се издвојува Челзи како голем фаворит. Фиорентина и Бетис се проценети како главни конкуренти на Сините.