Промена на плановите на Буфон, нема да се пензионира во Јувентус

Славниот голман Џанлуиџи Буфон не е задоволен од улогата на резервен чувар на мрежата во Јувентус и пред завршувањето на кариерата, планира да направи уште еден трансфер во странство.

Буфон, кој има 43 години, по завршувањето на сезонава ќе размисли што и како понатаму, а според италијанските медиуми, има две опции. Или пензионирање (ако не добие добра понуда) или заминување во странски клуб (се шпекулира дека Порто е заинтересиран).

Еден од најдобрите голмани во историјата сезонава бранеше на пет меча во Серија А, четири во Купот на Италија и еден во Лигата на шампионите. Се очекува да биде меѓу стативите и во мај, во финалето на Купот против Аталанта. Тој речиси цела кариера ја мина во Италија, во Парма и Јуве, освен периодот кога го бранеше голот на францускиот ПСЖ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести