7.8 C
Skopje
петок, 31 октомври 2025

Промени во гигантот од Торино: Јувентус добива и нов спортски директор

Промените во Јувентус продолжуваат со полна сила. Спортскиот директор на Џенова, Марко Отолини, ќе го напушти клубот за да ја преземе истата функција во гигантот од Торино, објавија италијанските медиуми. Одлуката веќе е донесена и прашање на време е кога ќе биде официјално соопштена.

Вчера двете страни постигнале договор за разделба поради сериозни несогласувања. Раководството на Џенова сакало да му го продолжи договорот на Отолини, но тој категорично ја одбил понудата привлечен од можноста да работи во Јувентус.

Интересно е што Јувентус се подготвува да го ангажира спортскиот директор на последнопласираниот тим во Серија А, Џенова.

Бјанконерите практично немаат спортски директор откако го отпуштија Кристијано Џунтоли, кој ја презеде функцијата во јули 2023 година, а беше разрешен летово. Во последно време оваа улога привремено ја извршуваше Демиен Комоли, генерален менаџер на Старата дама.

Јувентус во моментов се наоѓа на седмото место на табелата во шампионатот и заостанува шест поени зад лидерот Наполи само по девет одиграни кола.

- Оглас -

Најнови вести