Промовирана новата снежна кралица: Шифрин со победа за историја

Американската скијачка Микаела Шифрин денеска се израдува на 83-тата победа во Светскиот куп во алпско скијање, триумф со кој влегува во историјата на овој зимски спорт. Шифрин со оваа победа ја надмина сонародничката Линдзи Вон, која кариерата ја заврши со 82 победи кои беа рекордни до денеска.

На првиот велеслалом во Кронплац, Италија, Шифрин беше најбрза и на крајот имаше 0,45 секунди побрзо време од второпласираната Лара Гут-Бехрами, додека третото место го освои Италијанката Федерика Брињоне.

Пред Шифрин сега останува само уште еден предизвик, а тоа е да го достигне апсолутниот рекорд на легендарниот шведски скијач Ингемар Стенмарк, кој забележа 86 победи во кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести