Промовирана песната “Hayya Hayya”, официјалната химна на Мундијалот во Катар (Видео)

Челниците на Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска и официјално ја објавија песната која ќе биде химна на Мундијалот во Катар. Песната е со наслов „Hayya Hayya“ , што значи „Подобро заедно“.

Песната ја исполнува американскиот уметник Тринидад Кардона, иконата на афробитот Давидо и катарската сензација Ајша. Химната на СП во Катар премиерно ќе биде изведена денеска пред почетокот на ждрепката на групите за планетарниот собир.

„Сплотеноста на гласовите на изведувачите од Америка, Африка и Блискиот Исток, оваа песна симболизира како музиката и спортот може да го обединат светот“, велат од ФИФА.

 

- Оглас -

Најнови вести