Промовирани најбизарните дресови (Фото)

Англискиот нисколигаш Бедајл го претстави можеби најбизарниот комплет дресови. Оваа екипа се пофали со дресовите кои ќе ги носи во новата сезона и предизвика внимание кај пошироката јавност.

Се работи за „проѕирен“ дрес, кој всушност е цртеж. Ова не е прв пат овој клуб да промовира чудни дресови. Во минатото имаа дресови на кои се наоѓаа колбаси и друго месо, додека на голманскиот дрес имаше скара и моркови.

Ова ни не е чудно ако се знае дека главен спонзор во овој клуб е Heck food, фирма за производство на месо во градот Бедајл.

Ова се новите дресови на клубот.

Дресовите кои во минатото ги носеа фудбалерите на овој клуб изгледаа вака:

 

- Оглас -

Најнови вести