Пронајдена слабата точка на Меси

Лионел Меси е најефикасен фудбалер во 2018 година во Европа, ја доби Златната копачка, но педантните статистичари му најдоа и една слабост. Меси во 2018 ниту во дресот на Барселона, ниту во дресот на репрезентацијата на Аргентина не постигна ниту еден гол со глава.

Левицата на Меси е без конкуренција во светот, погоди многупати и од слободни удари, понекогаш тој знае да даде гол и со послабата десна нога, но годинава не даде гол со глава.

Меси е низок и играта во воздух му е послаба страна, но, сепак, тој во периодот од 2007 до 2017 година секогаш во календарските години постигнуваше барем по еден гол со глава. Но таа серија е завршена.

Најпознат гол со глава на Меси му е оној од финалето на Лигата на шампионите во 2009 против Манчестер јунајтед. Годинава не даде гол со глава, но даде дури 51 со нозете и тоа е доволно за титулата најефикасен играч во Европа.

- Оглас -

Најнови вести