Пронајдени нови докази дека мамеле, Еквадор ќе остане без Мундијал, ФИФА има подготвено замена

Еквадор сепак може да биде исфрлен од фудбалскиот Мундијал во Катар откако се обелоденети нови инкриминирачки докази дека еквадорскиот репрезентативец Бајрон Кастило навистина е Колумбиец, како што обвинуваат Чилеанците.

Според англиските медиуми, ако Еквадор и дефинитивно отпадне, што би било невиден скандал, на СП во Катар ќе игра селекцијата на Чиле, како следна на табелата во јужноамериканските квалификации.

ФИФА во јуни ја одби жалбата на Чиле, а комисијата за Апелација на ФИФА задутре треба да се произнесе, по што речиси сигурно ќе се знае дали на СП ќе играат Еквадор или Чиле.

На аудиоснимка која се појави во јавноста, десниот бек Кастилјо сам кажува дека е роден во 1995 во Колумбија, а не во 1998 година, како што му стои во еквадорските документи. Кастилјо играше на осум од десетте меча од квалификациите.

Еквадор на 20 ноември треба да игра против Катар на отворањето на СП.

- Оглас -

Најнови вести