Натпреварот од Серија А помеѓу Милан и Комо во Перт, од 24-тото коло, нема да се игра во Перт, Австралија, како што беше првично најавено. Идејата за тоа еден натпревар од Серија А да се игра далеку на друг континент и официјално пропадна, иако имаше расположение кај челниците на италијанското првенство и Владата на Западна Австралија.
Како причини за откажувањето на оваа идеја се наведуваат „финансиски ризици што не можат да се ублажат, тешки услови за одобрување и компликации во последен момент надвор од контролата на организаторите“.
Доколку натпреварот се одиграше во Австралија, тоа ќе беше преседан за европскиот фудбал. Досега ниту еден официјален првенствен натпревар од Серија А не е одржан надвор од границите на Италија.
„Лудата“ идеја за фудбалерите на два тима да патуваат илјадници километри далеку од Италија сега и официјално пропадна. Во соопштението се наведува дека иако предлогот за преместување на натпреварот во странство добил одобрение од сите 20 тима од Серија А, Италијанската фудбалска федерација и УЕФА, сепак компликациите дојдоа од Азиската фудбалска конфедерација.
Оттаму биле постаени нелогични услови, чие спроведување претставува финансиски ризик за Серија А и владата на Западна Австралија, па таканаречениот историски дуел да се игра на континент надвор од Европа сепак останува само пуста желба.

