Пропадна идејата: Ништо од транферот на Игуаин во Билбао

Гонзало Игуаин не може да го оствари најавениот трансфер во Атлетик Билбао бидејќи не исполнува еден од двата услови според кои може да потпише за баскискиот клуб. Иако неговиот дедо има потекло од Баскија, спортскиот директор Рафаел Алкорта посочи дека тоа не е услов со кој може да се пресели на „Сан Мамеш“.

„Приказната ќе беше интересна доколку Игуаин тренирал или пораснал во оваа покраина. Меѓутоа, има правила, односно услови кои тој не ги исполнува, а потеклото на дедо му не се смета. Можеби еден ден ќе се смени тоа“, истакна Алкорта.

Лавовите на тој начин останаа без потенцијалното големо засилување, додека Игуаин пропушти прва шанса да се врати во Шпанија бидејќи во минатото ги бранеше боите на гигантот Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести