Грчкaтa кошаркарска ѕвезда Јанис Адетокумбо беше еден од играчите за кои се очекуваше можен голем трејд ова лето во НБА лигата.
Фактот што Милвоки изминативе години не е доволно конкурентен го натера Јанис да размисли за промена на средината. Сепак, од таа опција на крајот нема да има ништо.
Најсериозен интерес за Адетокумбо покажаа Њујорк никс, но тие решија да го продолжат договорот со Микал Бриџис на четири години, во вредност од 150 милиони долари.
Во меѓувреме, Милвоки направи неколку клучни потези на трансфер пазарот. Го ослободија просторот со заминувањето на Демијан Лилард, а како засилувања ги донесоа Мајлс Тарнер и Гери Херис.