Пропадна трампата со Арсенал, ама ќе се реализира трансферот на Обамејанг во Барселона (ФОТО)

Пјер-Емерик Обамејанг наскоро ќе биде промовиран како нов играч на Барселона.

Напаѓачот на Арсенал во овие моменти ги минува медицинските прегледи и ќе потпише договор со каталонскиот великан.

Иако овие две екипи речиси цел ден преговараа за трампа меѓу Осман Дембеле, кој требаше да замине во Арсенал, а во спротивен правец да замине Обамејанг, сепак до тоа не дојде.

Дембеле не сака да игра во Арсенал, но раководството на Барселона во последните мигови од трансфер-периодот успеа да издејствува трансфер откако Арсенал одлучи да го пушти играчот за без пари.

- Оглас -

Најнови вести