Пропадна трансферот во Интер Мајами: Синот на легендата на Реал нема да игра со Меси

Синот на легендарниот играч на Реал Мадрид, Фернандо Редондо, нема да заигра со Лионел Меси во Интер Мајами. Трансферот на младиот Фредерико Редондо од Аргентинос јуниор во МЛС-лигата и дефинитивно пропадна, па сега неговите погледи се насочени кон Европа.

Стручњакот за фудбалски трансфери, Фабрицио Романо, го најави овој трансфер, но се чини дека овојпат нема да погоди, па желбата на младиот фудбалер да игра во иста екипа со најдобриот на сите времиња нема да се исполни.

Вредноста на младиот Редондо во моментов е 15 милиони евра и тој е член на олимписката репрезентација на Аргентина, која летово ќе настапи на Олимпијадата во Париз, а интерес за неговите услуги има од Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести