Зошто ни го прикажувате постојано планот што не го прифаќаме? Не ни одговара нам, таканаречените мали клубови, а не има многу, беше прашањето за Андреа Ањели, поставено од клуб во рангот на таканаречените „мали“ екипи на состанокот на ЕКА.
Ањели е иницијатор за елитизирање на Лигата на шампионите и систем во кој од 2024 година постојано во најсилната клупска лига во Европа би играле 24 клуба, а 8 постојано би се менувале и би играле квалификации.
Планот не го подржува и првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин, па сега силите на отпорот силно им се спротивставија на европските големци.
Свои предлози имаат и Данците и Швајцарците, се работи за различни модели кои не ги фаворизираат до толку големите клубови.
Идејата на Ањели е најголемите, најтрофејните и најбогатите европски клубови преку неговиот модел на натпреварување во Лигата на шампионите да играат почесто меѓу себе, што ќе им ги зголеми приходите.