Наполи и Пари Сен Жермен не можат да се усогласат околу износот на трансферот со кој Виктор Осимен би пристигнал во редовите на францускиот клуб.
Парижаните немаат намера да ја активираат клаузулата од неговиот договор според која тој може да го напушти клубот ако заинтересираната страна даде банкарски гаранции во износ од 130 милиони евра.
Италијанските медиуми пишуваат дека понудата на ПСЖ е многу помала, премала во однос на барањата на Наполи.
Наполи не се согласува ниту со играчите кои ПСЖ ги нуди да го намалат износот на трансферот. По сè изгледа дека најавениот најскап трансфер во овој преоден рок нема да се случи.
Сепак, тука својата шанса ја гледа англискиот премиерлигаш Челзи, кој исто така е заинтересиран да го доведе Осимен.