Пропаѓа уште една зделка меѓу Челзи и Барселона

Барселона и Челзи во текот на летото честопати ги мереа силите на трансфер пазарот, со тоа што Каталонците „победија“ во сите битки и успеваа да ги убедат посакуваните играчи како Левандовски, Рафиња и Кунде да дојдат на „Камп ноу“, наместо во Лондон.

Во меѓувреме, меѓусебната соработка околу неколку играчи не се покажа како успешна. Челзи го задржи Аспиликуета со нов договор, а воедно не го пушти Маркос Алонсо да го облече каталонскиот дрес поради ситната понуда на Барса. Де Јонг беше опција за Сините, но тој на крајот попушти и ќе остане во тимот на Чави за да игра за пониска плата.

Овојпат на прагот да пропадне е и трансферот на Пјер-Емерик Обамејанг. Имено, Барселона го прифати пакетот од 22+5 милиони евра за искусниот напаѓач, Челзи му понуди солидна плата, но проблем прави должината на договорот. Обамејанг како 33-годишен искусен играч, е под услов да потпише договор на една година, а тој бара најмалку две, па сега неговиот ангажман со кој би се вратил во Лондон по околу осум месеци, е пред колапс.

- Оглас -

Најнови вести