На дуелот меѓу Барнли и Арсенал нема погодоци во првиот дел, иако двете екипи имаа по неколку шанси да реализираат. Една од тие прилики му припадна на Пјер-Емерик Обамејанг, еден од тројцата фудбалери кои во ланската сезона беше прогласен за најдобар стрелец во шампионатот.
Се играше 14-тата минута кога Давид Луис со висока топка го насамари целиот тим на Барнли, неговото проигрување до Обамејанг беше одлично, овој излезе сам пред голот на домаќините но шутна како аматер, а не напаѓач кој има англиска „Златна копачка“.
https://streamable.com/jkr5a