Проработе португалската врска: Маестрална асистенција на Бруно, Роналдо стрела во мечот во кој израмни рекорд на Касилјас (видео)

Манчестер јунајтед само по 13 минути игра, дојде до водство на гостувањето кај Јанг бојс благодарение на португалската врска меѓу Бруно Фернандес и Кристијано Роналдо.

Плејмејкерот на Ѓаволите со одлично додавање со надворешно ефе го проигра Кристијано на подалечниот дирек, а овој со брза реакција погоди за 1-0 шутирајќи меѓу нозете на противничкиот голман, кој за малку не успеа да ја спречи топката да ја помине гол-линијата.

Роналдо во мечот кој за него значи израмнување на рекордот на Икер Касилјас на 177 настапи во Лигата на шампионите успеа да ја продолжи голтерската серија само во вториот настап откако се врати во Јунајтед.

 

- Оглас -

Најнови вести