Фудбалската репрезентација на Аргентина во неделата по третпат стана светски шампион откако во финалето ја совлада Франција по подобро изведување пенали, а ваквиот исход го предвиде Анхел ди Марија.
Имено, сопругата на Ди Марија, Хорхелина Кардозо, на социјалните мрежи ги објави пораките што ги разменала со фудбалерот еден ден пред големото финале.
„Љубена, ќе бидам светски шампион. Тоа е запишано. И ќе дадам гол. Тоа е запишано, како на ‘Маракана’ и на ‘Вембли’“, напишал Ди Марија, по што добил одговорот од сопругата Хорхелина.
„Оваа порака го топи моето срце, не знам што да ги кажам“.
Потоа следуваше уште еден убедлив одговор од Ди Марија.
„Не мораш да кажеш ништо. Оди и уживај, утре ќе бидеме светски шампиони. Тоа го заслужува целиот тим, како и нашите семејства. Знаеш ли колку е убаво тоа. Утре ќе бидеме светски шампиони. Запишано е тоа. Чувствувам дека е наш трофејот“.
Аргентина ја совлада Франција по подобро изведување на пеналите откако по 120 минути игра беше 3:3, а еден гол за Гаучосите даде токму Анхел ди Марија.