Проширеното Светско првенство 2026 го доби и првиот дебитант

Селекцијата на Узбекистан е осмиот потврден учесник на Светското првенство 2026 кое ќе се одржува во САД, Канада и Мексико. Поранешната советска република ќе дебитира на Мундијалите, откако одигра 0-0 на гостувањето кај ОАЕ и така теоретски си го обезбеди пласманот во група од која на Светското првенство ќе патува и Иран.

Узбекистан е првиот дебитант со обезбеден пласман на проширеното Светско првенство, на кое ќе настапат 48 селекции, па за очекување е да има уште неколку селекции кои за првпат ќе ги видиме на Мундијалите.

Освен трите селекции на земјите домаќини, пласман на Светското првенство преку квалификациите имаат обезбедено и Нов Зеланд, Аргентина, Јапонија, Иран и Узбекистан.

- Оглас -

Најнови вести