Во чест на Винсан Компани вечерва се игра ревијален меч меѓу легендите на Манчестер сити и легенди на Премиер лигата, а ова е и официјално збогум за белгискиот репрезентативец по 11 години минати на „Етихад“.
Компани, кој сега игра за Андерлехт, вечерва поради повреда не е на теренот, но во негова чест пристигнаа многу поранешни фудбалски ѕвезди, дел од нив сè уште активни фудбалери.
За Манчестер сити играа и Давид Силва, Кун Агуеро, Забалета, кои сè уште се активни во составот на англискиот шампион, потоа и Балотели, кој игра за Бреша, но и Белами, Милнер, Шон Рајт Филипс, Насри и уште многу познати фудбалери што го носеле или уште го носат дресот со светлосини бои.
Во финишот, легендите на Премиер лигата имаа предност од 2:1. Мартин Петров го постигна голот за Манчестер сити, а Роби Кин и Робин Ван Перси беа стрелци за премиерлигашките легенди.
Особено убав беше голот за предност од 2:1, во режија на Артета и Ван Перси, поранешни соиграчи од Арсенал.