На вчерашниот пријателски натпревар помеѓу хрватските клубови Рудеш и Вараждин, играч на Рудеж доби црвен картон во 20-тата секунда од мечот.
Тренер на Рудеш е легендата Роберт Просинечки, кој сепак не остана со човек помалку на терен, бидејќи екипите се договорија со оглед на тоа дека станува збор за контролен меч, Рудеш да стави на терен друг фудбалер на место на исклучениот Мигел Кампос.
Хрватската лига почнува на 22-ти јули, а веќе во првото коло е дербито Хајдук – Динамо.
Погледнете за каков фаул Кампос заслужено доби црвен картон: