Просинечки подготвен да седне на клупата на Црна Гора, новата селекција ќе ја запознае на контролен меч против Македонија

Легендарниот хрватски фудбалер Роберт Просинечки е најсериозен кандидат за нов селектор на репрезентацијата на Црна Гора, пишува „Вијести“. Популарниот Жути треба да дојде на местото на Миодраг Радуловиќ.

Просинечки е некогашен соиграч на Дарко Панчев и Илија Најдоски, со кои во 1991 година беа европски прваци со Црвена ѕвезда. Тој е и еден од ретките фудбалери коишто играле и за Реал Мадрид и за Барселона, а со Хрватска беше трет на Светското првенство во 1998 година во Франција.

Тој има и солидна тренерска кариера, а беше селектор на Азербејџан во периодот од 2014 до 2017, како и предводник на Босна и Херцеговина во 2018 и 2019 година. Последен пат беше на клупата на Рудеш, а сега се очекува да биде предводник на Црна Гора.

Новиот селектор на Црна Гора треба да го има дебито во март, кога имаат закажано пријателски дуели против Белорусија (21 март) и Македонија (25 март). За Просиченки се шпекулираше дека може да биде и нов селектор на Гана, но многу поверојатно е дека ќе остане во за него многу поблиската и попозната Црна Гора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести