Црна Гора загуби на гостувањето на Турција со 1:0 и остана на последното место во групата од Б сегментот во Лигата на нации, без ниту еден освоен бод. Селекторот на Црна Гора, Роберт Просинечки е разочаран од резултатот, но не и од играта на своите момци.
„Игравме против одлична репрезетација, која доминираше во поголем дел од мечот. Сепак и ние имавме свои шанси, дури две одлични. Немам што да им забележам на момците, иако ова е трет пораз по ред во Лигата на нации и тоа не е пријатно“, вели Просинечки, кој по овој пораз постави еден неславен рекорд за црногорската репрезентација.
За прв пат во историјата Црна Гора загуби на пет среби по ред. Негативната низа започна во јуни кога Црногорците беа поразени од Белија во пријателски меч со 2:0. потоа загубија и од Грузија дома со 3:1 во контролен дуел, а сега наредија и три неуспеси во Лигата на нации против Исланд (2:0), Велс (2:1) и Турција (1:0).
Просинечки на чело на репрезентацијата дојде во март оваа година и во првите две пријателски средби славеше над Белорусија со 2:0 и против Македонија со 1:0. следен меч на Црна Гора е против Велс на гости а дуелот се игра в понеделник.