Просинечки пуштен од болница

Роберт Просинечки е пуштен во домашно лекување, откако изминативе месец дена ги помина во клиничкиот центар во Сараево. Селекторот на БиХ поради здравствени проблеми со абдоменот мораше да оди на две операции во краток период, но очигледно неговата здравствена состојба се подобрува.

Неколку дена престојуваше на интензивна нега, a денес стигнаа добри вести дека ја напушти болницата.

Четириесет и деветгодишниот стратег и натаму ќе ја обавува функцијата во репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

- Оглас -

Најнови вести