Роберт Просинечки заминува од селекторската позиција на фудбалската репрезентација на Црна Гора, а веќе е познато и кој би можелo да ја преземе оваа функција.
Просинечки беше назначен за селектор во февруари минатата година. Сепак, поради слабите резултати во последниот период, неговото заминување беше очекувано, а денеска тоа и официјално се случи, јавува „Спортклуб“.
Според истиот извор, наследник на популарниот „Роби“ ќе биде легендата на црногорскиот фудбал, Мирко Вучиниќ.
Како играч, Вучиниќ има одиграно 46 натпревари за репрезентацијата на Црна Гора и има постигнато 17 гола. Сега пред него е нов предизвик, да ја предводи националната селекција од клупата.
Наредниот тест за Црна Гора и новиот селектор ќе биде натпреварот против Фарски Острови во октомврискиот репрезентативен циклус.