По две недели откако ЛА лејкерс стигна до титулата во НБА-лигата, здравствените власти во Лос Анџелес се пожалија дека токму прославата на титулата е причина за зголемениот број на заразени од корона-вирусот. Во округот на Лос Анџелес до пред две недели во просек имаше околу 1.000 новозаразени на дневно ниво, а сега тој број е зголемен за 200 лица дневно.
Иако речиси во целиот свет нагло се зголемува бројот на заразени, здравствените власти сметаат дека навивачите кои се собраа да ја прослават титула на Лејкерс се виновни за зголемениот број заразени.
„Невозможно е да се утврди зошто се зголеми бројот на заразени, но многу веројатно е дека тоа има врска со собирањата на навивачите кога се играше финалето во НБА-лигата и освојувањето на титулата на Лејкерс. Луѓето не носеа маски, а беа во близок контакт меѓу себе“, стои во соопштението на здравствените власти.
Нов бран на навивачи и славење во Лос Анџелес може да се случи вечерва, затоа што Лос Анџелес доџерсиводат со 3:2 против Тампа Беј редс во финалето на бејзбол сезоната. Доколку Доџерси победат, сигурно повторно ќе има прослава по улиците на градот.