Прославата за малку ќе завршеше со несреќа: Фотографката висеше од автобусот на Жирона (видео)

Фотографката на Жирона доживотно ќе ја памети парадата на која се славеше пласман во елитното фудбалско друштво во Шпанија.

Брзата реакција на еден од фудбалерите ѝ го спаси животот, откако ја фати за ногата за фотографката да не падне од автобусот.

Се чини дека ниските гранки од дрвото се причина што фотографката ја загуби рамнотежата и се најде во непријатна ситуација. Во еден момент висеше од вториот кат од автобусот, но за нејзина среќа неколку играчи на Жирона ѝ помогнаа безбедно да се врати назад.

- Оглас -

Најнови вести