Прославениот НБА кошаркар пукаше од пиштол поради расправија на паркинг (Видео)

Некогашната кошаркарска легенда Шон Кемп е уапсен во американската сојузна држана Вашингтон, поради пукање со пиштол. Според медиумите од САД, Кемп влегол во конфликт со возач од друг автомобил, а потоа заминал до својата кола од каде го извадил пиштолот и почнал да пука.

Целиот инцидент го снимил случаен минувач.

https://twitter.com/i/status/1633708970388094977

Освен 53-годишниот Кемп, уапсени се уште неколку луѓе. Во времето кога играше во НБА, Кемп беше познат како еден од најатрактвните забивачи во лигата. Имаше шест настапи на Ол-стар мечевите, а три пати беше дел од втората најдобра петорка во НБА.

 

- Оглас -

Најнови вести