Нема многу играчи кои може да се пофалат дека биле двојни стрелци на „Сантијаго Бернабеу“ во меч од Лигата на шампионите, а да не играат за Реал Мадрид. Еден од тие ретки случаи е Емануел Денис, напаѓачот на Клуб Бриж. Благодарение на него, Бриж вчера за малку ќе направеше сензација против големиот Реал, но и ремито од 2-2 треба да биде повеќе од доволно за Белгијците.
Денис беше фудбалерот што на двапати во првото полувреме го надмурди Куртоа, а кога зголеми на 2-0 во 39-тата минута, истрча кон корнерот и голот го прослави како Кристијано Роналдо. Денис по мечот истакна дека Португалецот му е идол, а со тоа сакал да испрати порака до Кралевите за да им докаже колку Роналдо недостасува во овој Реал.
„Роналдо ми е омилен играч, не бев среќен кога си замина од Реал. Ја направив неговата прослава за да им покажам колку им недостасува“, истакна Денис по мечот.
https://www.youtube.com/watch?v=umpC-V7i5WQ