Неименуван фудбалер на ПСЖ вчеравечер бил ограбен на семафор од страна на проститутка.
Иако француските медиуми сè уште го немаат идентитетот на фудбелерот, тој бил во областа Булоњската шума, којашто е позната по проституцијата и голем број тешки облици на криминал.
Тој бил ограбен во својот автомобил додека чекал на семафор, а проститутката преку прозор успеала да му го земе мобилниот телефон и новчаникот и веднаш пријавил кај полицијата.
Останува да се види кое е името на фудбалерот и што правел во таа област и дали е на повидок нов скандал како во случајот со Мауро Икарди и Ванда Нара.