Протест против федерацијата, полските навивачи ќе го бојкотираат следниот меч на репрезентацијата

Навивачката група Ултрас Полска ‘23 која го бодри фудбалската национален тим на Полска, објави соопштение во кое најави бојкот на следниот меч на Полска на домашен терен и ги повика сите љубители на фудбалот да го направат истото.

Следниот дуел на Полска дома е на 7-ми септември во Варшава против Фарски Острови, од квалификациите за ЕП 2024.

Ултрас Полска ‘23 ваква слична акција имаше и во 2009 година, и беше успешна, на мечот имаше помалку од 5.000 гледачи на стадион со 47.000 седишта, а овојпат бараат тотален бојкот и да нема ниту еден продаден билет. Проблемите на полските фанови меѓу другото се високите цени на билетите и забраната за организирано навивање на стадион од група кога игра репрезентацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести