Протести и контрапротести за Новак во Мелбурн (Фото)

Новак Ѓоковиќ веќе трет ден е во миграцискиот хотел во Мелбурн, чекајќи ја одлуката дали ќе добие дозвола да влезе во Австралија, или и дефинитивно ќе му биде одбиена визата.

Во хотелот има и други луѓе кои имаат слични проблеми со визата за влез во земјата, но и мигранти кои со години таму престојуваат. Еден мигрант се пожали дека дури девет години е „заробен“ во тој хотел и никако не може да добие дозвола за влез во земјата.

Откако и Ѓоковиќ беше ставен во тој хотел, дел од српската заедница во Мелбурн замина пред хотелот да даде поддршка за Ѓоковиќ, Доаѓањето на најдобриот тенисер во тој хотел, беше повод да се активираат и оние луѓе кои се борат за правата на мигрантите, па и тие решија да протестираат. Сепак, наместо да протестираат за правата на мигрантите, тие решија да ја искористат ситуацијата со Ѓоковиќ и го „нападнаа“ најдобриот тенисер.

Со пароли на кој пишуваше „Бегалците се добродојдени, а Ѓоковиќ не е“ и „Ѓоковиќ може да оди да се е*е, слобода за бегалците“, протестантите упатија провокација кон оние луѓе кои беа пред хотелот и сакаа да дадат поддршка за Ѓоковиќ. Да не дојде до конфликт меѓу двете групи, мораше да реагира и полицијата.

- Оглас -

Најнови вести