Седиштетот на ФИФА во Цирих ќе биде во центарот на вниманието не само за македонската спортска јавност, туку и воопшто за светската бидејќи во 13 часот ќе се одржат ждрепките за европските баражи, но и за интерконтиненталниот плејоф.
Македонија го очекува својот противник во полуфиналето од европскиот бараж, за кој е јасно дека ќе го играме на гостински терен, додека местото на одигрување на евентуалното финале ќе биде одлучено со ждрепка.
Можни противници на Македонија се Италија, Данска, Турција и Украина, кои се првиот шешир според квалитетот. Токму овие екипи ќе бидат извлечени први во ждрепката, а четвртиот шешир ќе се влече на крајот.
Тешко е да се каже кој е најповолниот противник на Македонија, можеби Украина, иако македонската јавност повторно ја посакува Италија.
Во вториот шешир се Полска, Велс, Чешка и Словачка и овие репрезентации ќе бидат домаќини на Ирска, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, селекции кои се во третиот шешир.
Во интерконтиненталниот плејоф ќе учествуваат шест екипи, а само две од нив ќе обезбедат место на Светското првенство. ДР Конго и Ирак ќе бидат привилегирани и ќе чекаат во финалето, додека Суринам, Јамајка, Боливија и Нова Каледонија ќе разигруваат во полуфиналето.


