Реал Мадрид и Атлетик Билбао во овие моменти се борат за бодови во мечот кој се игра на „Сантијаго Бернабеу“. Кралевите имаа бројни прилики преку кои можеа да поведат, но виновник што резултатот е 0-0 по првиот дел е голманот на гостите Унаи Симон.
При еден напад на домаќините, Крос се најде во 100% шанса да реализира, меѓутоа неговиот удар заврши во главата на Симон, а потоа во гредата. Несекојдневната интервенција на баскискиот чувар на мрежата засега е меѓу највозбудливите моменти од овој дуел бидејќи Билбао успеа да ја затресе мрежата на Куртоа, но голот е нерегуларен поради тоа што Кодро беше во недозволена позиција.