Македонската фудбалска репрезентација практично ги загуби шансите за освојување на првото место во групата кое води директно на Светско првенство, а второто место уште е на дофат, но ќе треба да победиме или ремизираме на гости кај Велс.
Победа вечерва над Казахстан ќе ни ја олеснеше задачата, вака имаме три бода повеќе од Велс и еден меч повеќе. Велс треба да гостува кај Лихтенштајн на 15-ти ноември и ни одговара Велс да победи со најмногу пет голови разлика, бидејќи во моментов имаме подобра гол-разлика за шест погодоци.
Потоа во последното коло во Кардиф, Македонија за да биде втора ќе мора да освои бод или три, во зависност од тоа колку убедливо ќе слави Велс кај Лихтенштајн. Секако теоријата вели дека Велс може и да не победи во Лихтенштајн, но тоа е тешко остварливо.
Белгија ни бега еден бод, има и меч помалку, па математики за првото место илузорно е да се прават.