Арсенал оствари убедлива победа против Вимблдон од 3:0 во рамките на шеснаесетфиналето од англискиот Лига куп.
Третиот погодок, кој беше ремек-дело на младиот Едвард Нкетија, потсети на старите добри времиња, кога Арсенал на почетокот на овој век беше можеби и најдобриот тим на Островот, предводен од Арсен Венгер, кој во тимот ги имаше Тјери Анри, Денис Беркамп, Роберт Пирес, итн.
Акцијата на овој гол беше одлична, а реализацијата со „петица“ беше уште подобра, а за тоа говори и реакцијата на противничкиот голман која може да се забележи на сликата. Погледнете и уверете се.