Новак Ѓоковиќ со сигурни 3:0 го помина првото коло на Ролан Гарос, а денеска го има и вториот предизвик. Најдобриот тенисер во светот за противник го има Шпанецот Роберто Карбаљес Баена, кој е на 63-тото место на АТП-листата.
Овие двајца тенисери имаат одиграно два меча меѓу себе и на двата Ѓоковиќ победил без да загуби ниту еден сет, и тоа на Отвореното првенство на Австралија и на Отвореното првенство на САД. Србинот е голем фаворит за победа, но Шпанецот верува дека има шанси да изненади и смета дека Ѓоковиќ е во лоша форма.
„Ми се чини дека Ѓоковиќ не е во форма. Барем јас така мислам. Реткост е да дојде на Ролан Гарос, а да нема освоено ниту еден трофеј во сезоната. Тоа е важен податок. Сепак, точно е и тоа дека не е исто да се игра против Ѓоковиќ на турнир од серијата 500 и на гранслем кој му е најважна цел. Сепак, ќе се обидам да го искористам тоа што не е во форма“, вели Баена.