16.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Противникот на Македонија во Лигата на нации не се шегува, победи со убедливи 4:0

Македонската фудбалска репрезентација вчера одигра 1:1 во пријателски меч против Молдавија на неутрален терен во Анталија. Ова беше прва контолка за Македонија во 2024 година, во која фокусот ќе биде на мечевите од Лигата на нации.

Противници на Македонија во Лигата на нации се репрезентациите на Фарски Острови, Ерменија и Летонија, а две од овие три селекции играа синоќа. Фарски острови покажа моќна игра на дуелот против Лихтенштајн и славеше со убедливи 4:0.

По два гола дадоа фудбалерите на Фарски острови во двете полувремиња, а статистиката само потврдува кој доминирал на теренот. Фарски острови на крајот заврши со 72 отсто посед на топка, 16 шутеви кон голот на Лихтенштајн, пет изведени корнери.

За разлика од Фарски Острови, Ерменија на евој терен загуби од Косово со 1:0 со голот на Рашица во 25 минута од мечот.

- Оглас -

Најнови вести